Достапни линкови

Краишник треба да излезе од затвор


Поранешниот претседател на Парламентот на Република Српска Момчило Краишник денеска ќе биде ослободен од затвор, бидејќи издржа две третини од казната.
Тој се наоѓа во притворот на Хашкиот трибунал од април 2000 година.
Краишник првостепено беше осуден на 27 години затвор за извршени злосторства врз несрпско население за време на војната во Босна, а Жалбениот совет на Хашкиот трибунал на 17 мај 2009 година му изрече казна од 20 години.
XS
SM
MD
LG