Достапни линкови

logo-print

Етнички и верски пазарења во западна Македонија

Во струшкото село Октиси, жители од муслиманска вероисповед попречија градба на црква на 25 август 2013.

Изградба на училишта, улици и водоводи се теми коишто по завршувањата на изборите паднаа во сенка, а на сцена доаѓаат политички пазари и пресметки по етничка и верска линија.

Политички пазари и пресметки по етничка и верска линија се главната понуда на општинските менија во Западна Македонија. Изградба на училишта, улици и водоводи се теми коишто по завршувањата на изборите паднаа во сенка, велат аналитичарите.
Прво, откази нема во Западна Македонија, тие што биле вработени со договор на дело не се отпуштени, тоа е дел од една политика што ја воделе некои луѓе, што биле порано на власт, но по етничка поделена нема такво нешто во западниот дел на Македонија.

Со најголем предизвик сега се соочува градоначалникот на Струга, Зиадин Села, кој по рушењето на дивоградбите на реката Дрим сега треба да се справи со тензичната ситуација во струшкото село Октиси. Во тоа село во изминатава недела меѓуетничките поделби добија на интензитет со прашањето за изградба на црква. Села деновиве поднел барање до судот за воспоставување времена мерка за решението за градба додека да се изнајде решение за проблемот со краток фитил и да се смират страстите меѓу жителите во селото од христијанска и муслиманска вероисповест.
Очекувам дека ваквите поделби и ваквите влошувања на етничките односи уште повеќе ќе се влошат во текот на септември и октомври, поготово очекувајќи го октомврискиот извештај на Европската комисија. Сметам дека се повеќе и повеќе тонеме во една летаргија каде што не преземаме ништо како држава за подобрување на меѓуетничките односи ниту, пак, одредени чекори за одење напред во тој правец.

Во меѓувреме не престануваат обвинувањата во дел од медиумите дека градоначалниците на Кичево, Гостивар и Струга се рекордери во делење на откази во администрацијата по етничка и политичка линија.

Потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Гостивар Невзат Бејта ги демантира таквите обвинувања.

„Прво, откази нема во Западна Македонија, тие што биле вработени со договор на дело не се отпуштени, тоа е дел од една политика што ја воделе некои луѓе, што биле порано на власт, но по етничка поделена нема такво нешто во западниот дел на Македонија“, вели Бејта.

Што се однесува до случувањата во Октиси, Бејта вели дека општината не треба да се меша во верските проблеми и лидерите на верските заедници треба да ги решаваат тие проблеми. Тој вели дека во Западна Македонија нема поделби по етничка линија.

„Немам јас таква информација, ако вие новинарите имате таква информација за етнички поделби тоа е друга работа. Јас колку што сум шетал и колку што сум видел како поранешен министер, и сега како потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на Гостивар не гледам етнички поделби во западниот дел на Македонија“, вели Бејта.

Претседателот на Центарот за меѓуетничка толеранција Владо Димовски вели дека работите во земјава се извртени многу одамна, никој не си ја работи работата која им е во надлежност, па локалните власти се грижат за исполнување на лични и партиски желби, вработувања и отпуштања на луѓе, а особено тие кои што во свои раце имаат мешано етничко население, не се занимаваат со негување на меѓуетничките односи.

„Очекувам дека ваквите поделби и ваквите влошувања на етничките односи уште повеќе ќе се влошат во текот на септември и октомври, поготово очекувајќи го октомврискиот извештај на Европската комисија. Сметам дека се повеќе и повеќе тонеме во една летаргија каде што не преземаме ништо како држава за подобрување на меѓуетничките односи ниту, пак, одредени чекори за одење напред во тој правец“, вели Димовски.

Невладината организација Цивил во писмено соопштение истакна дека меѓуетничките тензии се последица на погрешните политики и од позиција на интереси на политичарите и верските лидери. Цивил објаснува дека констатацијата произлегува од фактот дека секогаш кога во државата се случуваат важни настани кои ја засегнуваат демократијата и владеењето на правото, како што се на пример случувањата со извештајот на Комисијата за 24 декември и спорот за името, тогаш паралелно на тоа растат и меѓуетничките и меѓуверските односи. Ваквото дивертирање на вниманието на јавноста од овие проблеми е крајно опасно и ги подрива темелите на општеството и државата, е наведено во соопштението на невладината Цивил.Политички пазари и пресметки по етничка и верска линија се главната понуда на општинските менија во Западна Македонија. Изградба на училишта, улици и водоводи се теми коишто по завршувањата на изборите паднаа во сенка, велат аналитичарите.

Со најголем предизвик сега се соочува градоначалникот на Струга, Зиадин Села, кој по рушењето на дивоградбите на реката Дрим сега треба да се справи со тензичната ситуација во струшкото село Октиси. Во тоа село во изминатава недела меѓуетничките поделби добија на интензитет со прашањето за изградба на црква. Села деновиве поднел барање до судот за воспоставување времена мерка за решението за градба додека да се изнајде решение за проблемот со краток фитил и да се смират страстите меѓу жителите во селото од христијанска и муслиманска вероисповест.

Во меѓувреме не престануваат обвинувањата во дел од медиумите дека градоначалниците на Кичево, Гостивар и Струга се рекордери во делење на откази во администрацијата по етничка и политичка линија.

Потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Гостивар Невзат Бејта ги демантира таквите обвинувања.

„Прво, откази нема во Западна Македонија, тие што биле вработени со договор на дело не се отпуштени, тоа е дел од една политика што ја воделе некои луѓе, што биле порано на власт, но по етничка поделена нема такво нешто во западниот дел на Македонија“, вели Бејта.

Што се однесува до случувањата во Октиси, Бејта вели дека општината не треба да се меша во верските проблеми и лидерите на верските заедници треба да ги решаваат тие проблеми. Тој вели дека во Западна Македонија нема поделби по етничка линија.

„Немам јас таква информација, ако вие новинарите имате таква информација за етнички поделби тоа е друга работа. Јас колку што сум шетал и колку што сум видел како поранешен министер, и сега како потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на Гостивар не гледам етнички поделби во западниот дел на Македонија“, вели Бејта.

Претседателот на Центарот за меѓуетничка толеранција Владо Димовски вели дека работите во земјава се извртени многу одамна, никој не си ја работи работата која им е во надлежност, па локалните власти се грижат за исполнување на лични и партиски желби, вработувања и отпуштања на луѓе, а особено тие кои што во свои раце имаат мешано етничко население, не се занимаваат со негување на меѓуетничките односи.

„Очекувам дека ваквите поделби и ваквите влошувања на етничките односи уште повеќе ќе се влошат во текот на септември и октомври, поготово очекувајќи го октомврискиот извештај на Европската комисија. Сметам дека се повеќе и повеќе тонеме во една летаргија каде што не преземаме ништо како држава за подобрување на меѓуетничките односи ниту, пак, одредени чекори за одење напред во тој правец“, вели Димовски.

Невладината организација Цивил во писмено соопштение истакна дека меѓуетничките тензии се последица на погрешните политики и од позиција на интереси на политичарите и верските лидери. Цивил објаснува дека констатацијата произлегува од фактот дека секогаш кога во државата се случуваат важни настани кои ја засегнуваат демократијата и владеењето на правото, како што се на пример случувањата со извештајот на Комисијата за 24 декември и спорот за името, тогаш паралелно на тоа растат и меѓуетничките и меѓуверските односи. Ваквото дивертирање на вниманието на јавноста од овие проблеми е крајно опасно и ги подрива темелите на општеството и државата, е наведено во соопштението на невладината Цивил.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG