Достапни линкови

Обвинет пријател на бостонскиот бомбаш


Пријател на осомничениот бостонски бомбаш Џокар Цанаев е обвинет за наводно давање на лажен исказ. Деветнаесет годишниот Робел Филипос е меѓу тројцата осомничени за отстранување на ранец и лаптоп компјутер од собата на Зарнаев по бомбардирањето на бостонскиот маратон на 15 април, кога загинаа тројца а 260 лица беа повредени. Согласно обвинението, Филипос се товари за криење на информации за време на распитот во полиција. Другите двајца обвинети веќе се изјасниа за невини.
XS
SM
MD
LG