Достапни линкови

Мијатовиќ (ОБСЕ) до Груевски: неприфатлив е притворот на Кежаровски


Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска испрати писмо до премиерот Никола Груевски, во кое продолжениот притвор на новинарот Томислав Kezarovski за уште 30 дена, го оцени како неприфатлив. "Затворање новинари за нивни текстови не е прифатливо за едно демократско општество. Ова е единствениот случај во регионот на Западен Балкан, новинар да е во затвор во очекување на судски процес. Јас сум загрижена и за неговото апсење и за прекумерно долгиот притвор, што има негативно влијание врз слободата на медиумите во вашата земја ", пишува во писмото до премиерот Груевски, Дуња Мијатовиќ.
Таа го цитира и Специјалниот известувач на ОН за промоција и заштита на правото на слобода на мислење и изразување Франк Ла Ру кој порача дека прекумерната меркиа како што е неговиот продолжен притвор служат само за заплашување на новинарите и длабоко ја повредуваат независноста на медиумите.
Демократијата никогаш не може да функционира правилно ако критичките гласови се замолчени, порача Ла Ру.
Томислав Кежаровски новинар во дневниот весник Нова Македонија, е уапсен во врска со една статија од 2008 година во кое тој откри идентитетот на сведокот во случајот на убиство. Претставникот на ОБСЕ веќе изрази загриженост за неговото апсење во мај 2013 година.
XS
SM
MD
LG