Достапни линкови

logo-print

Во Советот за безбедност расправа за Косово


Советот за безбедност на ОН денеска ја започна дебатата за ситуацијата на Косово, во чии рамки ќе биде разгледан најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој оценил дека спроведувањето на Бриселскиот договор останува „најголем предизвик“.
Бан Ки-мун потенцира дека Белград ги продолжува разговорите со косовските Срби, кои се против договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, потпишан од премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Тој ги повика властите во Белград и Приштина да ги зголемат напорите за решавање на судбината на 1.726 лица, кои се водат како исчезнати за време на конфликтот на Косово, како и за казнување на извршителите на воените злосторства.
XS
SM
MD
LG