Достапни линкови

СДСМ бара исполнување на обрските од извештајот за 24 декември


Според потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, партијата ќе инсистира на доследно исполнување на сите обврски што произлегуваат од Извештајот за 24-ти декември, усвоен со консензус и испратен како таков до ЕК. Ставањето на забелешка при потпишувањето на Извештајот од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата, по неговото едногласно усвојување, смета таа, нема никакво влијание врз полноважноста на Извештајот, ни политички, ни правно. Неразумно, според неа, е обидот на власта аргументација за оградување од договорот да се бара во Виенската конвенција, која се однесува на меѓународни договори кои се применуваат во односи меѓу држави. Премиерот Никола Груевски претходно изјави дека смета оти нема контрадикторност во тоа што Илија Димовски е назначен за претседател на работната група која треба да ги спроведе препораките за инцидентите од 24 декември, а во извештајот на ад-хок Комисијата се откажал од правните квалификации. Тој исто така рече дека „И јас во моето излагање кажав дека не ги признава правните квалификации, додека за препораките и заклучоците постои заедничка согласност.
XS
SM
MD
LG