Достапни линкови

Турција се готви за одбрана од сириски хемиски напад


Турција стравува од можен хемиски напад од страна на Сирија и почна со складирање на храна и заштитни маски долж заедничката граница.
Центарот за управување со кризи при турската Влада денеска на Твитер објави дека се подготвени бункери во седум реони во близина на границата, кои ќе служат за заштита на луѓето од повреди.
Тим од 100 експерти за хемиско оружје биле испратени во пограничната област, кои се обучени за идентификување и деконтаминирање на жртвите од хемиски напади. Турција е еден од најострите критичари на сирискиот претседател Башар ал Асад и ја поддржува сириската опозиција и бунтовниците. Властите соопштија дека земјата ќе учествува во која било меѓународна коалиција, која ќе преземе дејствија против сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG