Достапни линкови

Рускиот сликар Алтунин побара азил во Франција


Рускиот уметник Константин Алтунин, кој го насликал претседател Владимир Путин во долна облека како ја милува косата на премиерот Дмитриј Медведев, изјави дека по заканувачките телефонски повици и страв од апсење го напуштил Санкт Петербург и отпатувал за Франција.
Aлтунин за РФЕ / РЛ изјави дека побарал политички азил во Франција.
Полицијата во Санкт Петерсбург инаку запленила слики од локална галерија, меѓу кои, и на претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев насликани во женска долна облека.
Според луѓето од галеријата, исто така, биле одземени слики од поглаварот на Руската православна црква, насликан со тетоважи, како и од некои парламентарци. Во Русија има закон според кој, навредата на властите е казнива.
XS
SM
MD
LG