Достапни линкови

Формирана работна група за препораките за инцидентите 24/12


На денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски формирана е Работната група што треба да ги имплементира препораките од извештајот на комисијата за инцидентите од 24 декември.
Ова е исходот од на која учествуваа координаторите на сите пратенички групи, освен од ДПА, и потпретседателите на Парламентот.
За претседател на Работната група е избран Илија Димовски кој воедно е и член од ВМРО-ДПМНЕ покрај Благородна Дулиќ, а членови од СДСМ се Игор Ивановски и Цветанка Иванова. Претставник од ДУИ ќе биде координаторот Неџати Јакупи. Силвана Бонева, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, очекува Работната група во најкус можен рок да ги заврши обврските за Македонија да добие позитивен извештај од Европската комисија.
Игор Ивановски од СДСМ очекува Работната група веднаш да почне со работа за да се коригира досегашната исклучително лоша работа на Собранието.
XS
SM
MD
LG