Достапни линкови

Платата не стигнува ниту за храна


Според пресметките на ССМ на едно четиричлено семејство месечно за храна и сметки му се потребни 32.506 денари. Статистика објави дека просечна исплатена плата по вработен во јуни ​​изнесувала 21.108 денари, што значи дека со таа плата може да се покријат само две третини од егистенцијалните потреби на кои укажува ССМ.

Празни кеси и полни очи со попусти, вака голем дел од граѓаните поминуваат низ македонските трговски центри. Куповната моќ на граѓаните во изминативе неколку години редовно ослабува. Ова го покажуваат разликите во податоците од државниот завод за статистика и анализите на Сојузот на синдикати.
Дома давачките ни се по 6 до 7 илјади денари, па што остане оде за храна, за облека нема шанса.
Анкетиран граѓанин.

Ако се земе за пример потрошувачката кошничка на Синдикатот, на едно четиричлено семејство месечно за храна и сметки му се потребни 32.506 денари. Но, според последните податоци од државниот завод за статистика просечна исплатена плата по вработен во јуни
изнесувала 21.108 денари, што значи дека со таа плата може да се покријат само две третини од егистенцијалните потреби на кои укажува ССМ. Според статистика, платата во јуни годинава рипнала за 2 индексни поени, но во однос на декември 2012 година таа е намалена за 360 денари.
На дол рок е осиромашување на граѓанинот, да кажеме дека ќе донесе и одлив на мозоци од земјава затоа што младиот човек не гледа перспектива и дека тоа ќе има голем импакт врз целото население не само врз економијата.
Висар Адеми, економски аналитичар.

Поголема плата годинава во однос на лани земале вработените во градежништво, транспорт и комуникации за во просек од 6 проценти, додека помала за 9 проценти земале рударите, а за 5 проценти помала плата земале вработените во сервисни дејности со храна и секторот за снабдување со електрична енергија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, околу 273 илјади луѓе, односно скоро половина од работниците што добиваат плата, имаат пониски примања од 12 илјади денари.

Синдикатот пресметал дека само за храна се потребни речиси 14 илјади денари додека сметките и останатите трошоци за домување изнесуваат 10 илјади денари. Според нивната последна анализа објавена во мај, вредноста на минималната потрошувачка кошничка во однос на декември минатата година се зголемила за
Храната е многу скапа, денеска илјадарка вреди колку 100 денари.
Анкетиран граѓанин.
500 денари додека во однос на мај 2012 пак таа е поскапа за 1.200 денари.

Граѓаните велат дека не се издржува темпото на се поскапи производи и мали плати. Тие велат дека прво се трудат да си ги платат сметките па што остане за храна.

„Храната е многу скапа, денеска илјадарка вреди колку 100 денари.“

„Дома давачките ни се по 6 до 7 илјади денари, па што остане оде за храна, за облека нема шанса.“

„ Секој месец е се поскапо“, велат анкетираните граѓани.

Економистот Висар Адеми вели дека ваквиот тренд на раст на цените во однос на речиси фиксните плати е застрашувачки. Причините за ваквата ситуација е што Македонија е увознозависна држава која малку произведува и извезува, па затоа е потребно да се преземат мерки.

„Привлекување на странски и домашни инвестиции што може да креираат повеќе работни места, но и зголемување на примањата. Потребни се повеќе свежи пари во економијата преку извозно ориентирани гранки и сектори кои што ќе донесат пари во нашата економија.“

Тој додава дека на долг рок ваквата ситуација ќе значи осиромашување на граѓаните.

„На дол рок е осиромашување на граѓанинот, да кажеме дека ќе донесе и одлив на мозоци од земјава затоа што младиот човек не гледа перспектива и дека тоа ќе има голем импакт врз целото население не само врз економијата.“

Според последните податоци на Заводот за статистика, во мај беше регистриран пораст на животните трошоци за 4,2 проценти, што претставува највисоко ниво од почетокот на годинава.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG