Достапни линкови

Инспекторите на ОН уште утре во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави денеска во Виена дека инспекторите за хемиско оружје кои се наоѓаат во Сирија ќе ја продолжат работата уште утре. „Тие ќе треба да излезат од Сирија в сабота, а ќе ми поднесат извештај што е можно поскоро“, рече Бан Ки Мун. Деновиве инспекторите биле во предградието на Дамаск каде што, според опозициските сили, војниците на претседателот Башар ал Асад извршиле напад со хемиско оружје при што загинале стотици луѓе.
XS
SM
MD
LG