Достапни линкови

Русија и Кина против интервенција во Сирија


Плановите на западните земји за интервенција во Сирија се во спротивност со Повелбата на Обединетите нации, изјави денеска во Москва заменик шефот на руската дипломатија Генадиј Гатилов. Според него, евентуалната воена акција ќе биде кршење на меѓународното право. Во меѓувреме, кинеските државни медиуми денеска апелираат до меѓународната заедница да ја спречи евентуалната воена акција во Сирија. „Меѓународната заедница трба да покаже трпеливост, а не да дозволи да биде влечена за нос од американските разузнавачки служби“, коментира весникот „Чајна дејли“ во текстот под наслов „Нема изговор за напади“.
XS
SM
MD
LG