Достапни линкови

Северна Кореа ги крши санкциите на ОН


Панамската влада соопшти дека севернокорејскиот товарен брод што во јули бил задржан во Панама ги прекршил санкциите на Обединетите нации. Во бродот под вреќи со шеќер било откриено кубанско оружје, меѓу другото, и два авиона од типот МИГ 21, како и делови за ракетен систем. Официјална Хавана соопшти дека станува збор за застарено одбранбено оружје кое требало да биде поправено во Северна Кореа и потоа вратено на Куба.
XS
SM
MD
LG