Достапни линкови

Конгресменот Адам Смит во групата за пријателство меѓу Македонија и САД


Мето Колоски

Мето Колоски

Адам Смит, демократски конгресмен од американската сојузна држава Вашингтон, е новиот член на групата за пријателство меѓу Македонија и САД, која со неговото зачленување порасна на 20 конгресмени. Смит е водечки демократски член на Комисијата за вооружените сили на Претставничкиот дом на САД. „Разговаравме за потребата да ја видиме Македонија како членка на НАТО без натамошно одлагање“, изјави Ѓорѓи Ѓорѓиевски, регионален претставник на Обединетата македонска дијаспора, кој заедно со активистката за Македонија Тифани Куртис имал средба со конгресменот Смит. Мето Колоски, претседател на ОМД, вели дека зачленувањето на конгресменот Смит во групата за македонско пријателство е заслуга на македонската заедница во околината на Сиетл, која ја претставува Смит.
XS
SM
MD
LG