Достапни линкови

Шестчасовна престрелка во Авганистан


Најмалку седум луѓе загинаа а десетици се ранети при напад од страна на талибанците врз воена база во источниот дел на Авганистан. Локалните власти соопштија дека по експлозија на два автомобил- бомби започнала вооружена пресметка која траела 6 часа. Во престрелката загинале 4 полицајци и 3 цивили, а ранети се 52 авганистански и 10 полски војници. Властите не соопштија колку талибанци загинале при 6-часовната битка.
XS
SM
MD
LG