Достапни линкови

Обама разгледува можни воени опции против Сирија


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека САД дојде до заклучок дека сириската влада спровела напад со хемиско оружје врз цивили минатата недела. Тој во своето телевизиско обраќање истакна дека се уште ги разгледува можните воени опции со кои би се казнила Сирија за нападот на 21 август во Дамаск при што загинале стотици луѓе. Тој изјави дека секаков американски одговор на тоа за сирискиот претседател Башар Ал Асад ќе значи „силен сигнал.“
Претходно петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации не успеаа да се договорат за британската предлог резолуција со која се бара овластување за употреба на сила против Сирија. Русија се противи на идеата за меѓународна интервенција.
XS
SM
MD
LG