Достапни линкови

Координација кај Вељановски за извештајот


Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска ќе се сретне со потпретседателите и координаторите на политичките групи во Собранието на која ќе се основа работната група за имплементација на препораките од извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието од 24 декември кој содржи 11 препораки што се предвидени како обврска за Собранието. Вчера македонските медиуми објавија копија од оригиналниот извештај во кој се забележува дека претставниците на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ, под потписот во извештајот допишале белешка со која делумно се оградуваат од извештајот, односно потписот е „ без согласност за правните квалификации.“
Неодамна еврокомесарот за проширување Штефан Филе го поздрави потпишувањето на извештајот кој е донесен со консензус на сите членови од комисијата. Тој во писменото соопштение истакна дека заклучокот донесен од Kомисијата укажува дека конструктивни решенија се можни со помош на политичка волја преку дијалог и компромис. Филе додава дека со нетрпение го очекува спроведувањето на следните чекори од препораките во извештајот, како и останатите работи од мартовскиот договор.
XS
SM
MD
LG