Достапни линкови

Русија и Турција со најмногу полицајци во светот


Американскиот информациски сервис Блумберг објави список со земји кои имаат најмногу полицајци по жител. Според нив, Русија има скоро 20 насто повеќе полициски персонал од второпласираната Турција. Русија има 564 полицајци на 100 илјади жители, додека Турција 474. На третто место е Италија. Бугарија со 398 полицајци на 100 илјади жители е на 8 место, по што од Балканот, следат Грција со 360 полицајци и Србија со 338 полицајци. Најмалку во регионот има Унгарија, 88 полицајци на 100 илјади жители. На списокот на Блумберг се само земји со над 5 милиони жители.
XS
SM
MD
LG