Достапни линкови

logo-print

Бејл на списокот за мечевите со Македонија и со Србија


знамето на Велс

знамето на Велс

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс Крис Колмен денеска го соопшти списокот на играчите за натпреварите со Македонија и со Србија во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2014 година. На списокот е и повредениот играч на Тотенхем Гарет Бејл. Медиумите шпекулираат дека Бејл не бил повреден, туку дека не сака да игра за лондонскиот клуб бидејќи има намера да премине во редовите на мадридски Реал, трансфер вреден околу 100 милиони евра. Велс на 6 септември во Скопје игра против Македонија, а четири дена потоа во Кардиф со Србија.
XS
SM
MD
LG