Достапни линкови

Расмусен: режимот на Асад одговорен за хемискиот напад


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека на употребата на хемсико оружје во Сирија не може да се остане без одговор. Говорејќи по денешниот состанок на амбасадорите на НАТО во Брисел, тој изјави дека информациите од разни извори посочуваат дека силите на претседателот Башар ал Асад користеле хемиско оружје. Претходно британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Лондон ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации за поддршка на мерки за заштита на цивилите во Сирија. Официјална Москва оцени дека е прерано да се разговара за некаква реакција на Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG