Достапни линкови

logo-print

Меморандум од ВМРО ДПМНЕ до партиите за влез во ЕУ


ВМРО ДПМНЕ согласно мартовскиот договор има изработено меморандум кој ќе го испрати во Парламентот за поддршка на евроатлантските интеграции, изјави денеска во Прилеп премиерот Никола Груевски, додавајќи дека меморандумот утре или задутре ВМРО ДПМНЕ ќе го достави во собраниска процедура. „Тој меморандум веќе го имавме во една претходна фаза уште пред локалните избори, а го имаа видено претставниците на СДСМ и се имаа согласено со содржината во него. Затоа не очекувам некакви проблеми. Целта е не само да се потврди нашата заложба и на сите парламентарни партии, туку и, на некој начин, да се изрази подготвеност за во иднина да нема попречување на тој пат, бидејќи честопати случајно или не, се соочуваме со тоа. Кога велам непопречувањето, мислам попречувањето на самите себе, а не за другите попречувања“, изјави премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG