Достапни линкови

ОБСЕ со кртитики до САД


Дуња Мијатовиќ

Дуња Мијатовиќ

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска изјави дека била вџашена од обидите на американското Министерство за правда да принуди еден новинар да ги открие изворите во текот на една кривична судска постапка. Адвокати на министерството побарале од федералниот Апелациски суд во Вирџинија да го потврди барањето за сведочење на новинарот на „Њујорк тајмс“ Џејмс Рајсен во судење на поранешен вработен во ЦИА кој е обвинет за откривање строго доверливи информации. „Правото на новинарите да ги штитат своите извори е еден од клучните принципи на истражувачкото новинарство и мора да се почитува„ се наведува во денешната реакција на Дуња Мијатовиќ.
XS
SM
MD
LG