Достапни линкови

За иранската нуклеарна програма на 27-ми септември во Виена


Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека новата рунда разговори со претставници на Иран за нуклеарната програма, е закажана за 27-ми септември. Разговорите во Виена ќе бидат први откако за нов претседател на Иран беше избран Хасан Рохани, кој најави поголема транспарентност и помалку конфронтации со Агенцијата и со светските сили. Западните сили сметаат дека Техеран настојува да произведе нуклеарно оружје, а Иран тврди дека нуклеарната програма му е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG