Достапни линкови

Битолските градинки претесни за сите деца


Градинка во Битола.

Градинка во Битола.

Во Битола има 14 градинки, во кои се згрижени над 1.300 деца, а околу стотина други чекаат ред зашто воспитните установи се преполни.

Постои голем интерес кај родителите за запишување на децата во предшколските установи во Битола. Во градот има 14 градинки, во кои се згрижени над 1.300 деца, а околу стотина други чекаат ред зашто воспитните установи се преполни. Во градските населби недостига простор за 50 дечиња, а за уште толку и во руралната населба Долно Оризари. Во повеќето од градинките воспитните групи работат со поголем број деца отколку предвидените норми.
Точно е дека имаше периоди кога имаше потреба поголема од што имаше места. Има групи каде се работи со 20 или 30 проценти поголем број на деца. Во соработка со општината објектот спроти Скопска пивара ќе го адаптираме во детска градинка. Концентрираноста, односно потребите за сместување се секогаш од централното градско подрачје.

Директорката на јавната установа „Естреја Овадија Мара“, Лидија Петровска вели дека интересот кај родителите за згрижување на децата во претшколските установи е поголем од капацитетот на градиките. Досега проблемот до некаде го решавале со организирање на комбинирани групи, но потребно е проширување на капацитетите, односно отворање на нови градинки.

„Точно е дека имаше периоди кога имаше потреба поголема од што имаше места. Има групи каде се работи со 20 или 30 проценти поголем број на деца. Во соработка со општината објектот спроти Скопска пивара ќе го адаптираме во детска градинка. Концентрираноста, односно потребите за сместување се секогаш од централното градско подрачје“, изјави Петровска.

И руралните населби чекаат да се отворат градинки. Во меѓувреме децата или се чуваат дома или се носат во градските градинки. Од општина Битола соопштија дека ќе помогнат за обезбедување објекти за проширување на градинките и за нивно реновирање.

„Ние максимално ќе помогнеме во реконструкција, подобрување на условите во дел од просторот кој е потребен зашто интересот на родителите за згрижување на децата во градинките е голем. Ќе помогнеме и во централното градско подрачје“,изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Во прво време општината планира да помогне во изградба или адаптација на простор за градинка во центарот на градот и уште еден објект во приградската населба Долно Оризари.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG