Достапни линкови

Казните за е-дневникот како притисок врз наставниците


Илустрација.

Илустрација.

Наместо да се фокусираме на квалитетот на образованието и подготвување на наставниот час, ние работиме под стрес навремено да ги завршиме административните работи за да не бидеме казнети, се жали една професорка.

Мандатните казни од 300 евра за наставниците кои нема да успеат еднаш неделно да внесат оценки во електронскиот дневник, просветните работници ги коментираат како директен притисок врз нивната работа. Наместо да се фокусираме на квалитетот на образованието и подготвување на наставниот час, ние работиме под стрес навремено да ги завршиме административните работи за да не бидеме казнети, вели професор Јулија Петроска од основното училиште „Ѓоргија Пулески“ од Скопје.
Значи, не може учениците секоја недела да се оценуваат. Ова со казните е само предупредување колку за да бидат сите под стрес, да работат повеќе на електронските дневници, да посветат повеќе внимание, иако кога се ставаат нумеричките оцени, тие треба да поминат низ одреден процес кој е подолг.

„Значи, не може учениците секоја недела да се оценуваат. Ова со казните е само предупредување колку за да бидат сите под стрес, да работат повеќе на електронските дневници, да посветат повеќе внимание, иако кога се ставаат нумеричките оцени, тие треба да поминат низ одреден процес кој е подолг“, вели Петроска.

Таа потсетува и на техничките проблеми кои се појавија со пополнувањето на електронскиот дневник пред крајот на учебната година, кога, како што вели, откако со денови не успеваа да влезат во системот и да ги стават оценките, тоа најчесто го правеа по полноќ.

И професор Љатиф Исмаили од средното економско училиште „Осми септември“ во Тетово вели дека Македонија не ги исполнува условите за спроведување на проектот е-дневник.
Нашата Влада со господинот Груевски мисли дека се наоѓаме во Република Словенија или Хрватска. На почетокот идејата беше да се информираат и родителите за ситуацијата за детето во училиште. Па, ве молам, во руралните средини нема ниту компјутери, ниту интернет мрежи, а тие пак продолжуваат да ја бранат таа теза.

„Нашата Влада со господинот Груевски мисли дека се наоѓаме во Република Словенија или Хрватска. На почетокот идејата беше да се информираат и родителите за ситуацијата за детето во училиште. Па, ве молам, во руралните средини нема ниту компјутери, ниту интернет мрежи, а тие пак продолжуваат да ја бранат таа теза“, вели Исмаили.

Казните од 300 евра се преголеми. Исмаили се жали дека сега просветните работници имаат двојно повеќе работа за истите плати, а згора на тоа се под постојан стрес дека ќе бидат казнети.

„Ако е целта само да се казнува, тоа е друго. Треба само да кажат дека им требаат пари и ајде најлесно кај професорите, да ги казниме нив, да им земеме пари, а платите веќе имате сознанија колкави ни се“, вели Исмаили.

Според повеќето наставници, ваквото решение е апсурдно и остава можност за злоупотреби. Голема е веројатноста дека некој може да биде казнет заради партиски или лични непријателства, вели Петреска.

„Да, тоа е сигурно, тоа и учениците го знаат, тоа за таа цел и ќе се користи. Можеби намерата е малку повеќе да се поттикнат наставниците да работат, да бидат поактивни околу оценувањето, следењето на учениците, но тоа не треба да се прави со терање страв да се направи тоа. Тоа е исто како ние кај учениците, пишувај домашна, пишувај домашна, а не е важно што пишува во домашната“, објаснува Петроска.

Министерот за образование Спиро Ристески деновиве ја повтори потребата од редовно пополнување на е дневникот, велејќи дека на тој начин ќе се овозможи редовна контрола на работата на ученикот, а увид ќе имаат и родителите. Инаку првиот предлог за висината на казната за ненавремено пополнување на овој дневник беше 1000 евра. Надлежните институции попуштија и се согласија таа да се намали на 300 евра, по неколкуте средби со претставниците на СОНК.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG