Достапни линкови

Западот најавува воена акција против Сирија, Русија се противи


Русија го повтори предупредувањето дека, воен напад против Сирија, ќе ја дестабилизира земјата и целиот регион на Блискиот Исток. Руското министертво за надворешни работи ова го соопшти по телефонскиот разговор на министерот Сергеј Лавров со сиријскиот претставник во Обединетите Нации Лахдар Брахими. Лавров вчера разговарал по телефон и со американскиот државен секретар Џон Кери, при што истакнал дека Русија бара објективна размена на информации во врска со сомнителниот хемиски напад. Западот ги зголемува сигналите дека се подготвува за воена интервенција против режимот на Башар Ал Асад, за кого смета дека е одговорен за хемиски напад во предградие на Дамаск. Американскиот потпретседател Џо Бајден вчера изјави дека нема сомневање оти сиријската влада употребила хемиско оружје при што биле убиени стотици цивили.
XS
SM
MD
LG