Достапни линкови

logo-print

Сирија - Експертите на ООН ќе истражуваат за хемиското оружје



Експертите на ООН денеска треба да соберат повеќе докази за можен хемиски напад во сирискиот главен град Дамаск. Вчера инспекторите не го посетија местото на нападот поради безбедносни причини. Во понеделникот инспекторите за оружје на Обединетите Нации го посетија местото во предградие на Дамаск, за каде што се тврди дека е употребено хемиско оружје но нивното возило беше нападнато од снајпер.Западните сили го обвинуваат режимот на Башар Ал Асад за нападот на 21 август во кој беа убиени стотици цивили и повикуваат на акција со која ќе биде казнет Дамаск. Асад ги негира обвинувањата дека било употребено хемиско оружје. Државниот секретар Џон Кери изјави дека воените сили на САД се спремни да ја нападнат Сирија ако Барак Обама издаде таква наредба.
XS
SM
MD
LG