Достапни линкови

Времето денеска ќе биде променливи облачно



Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи, а ќе дува и засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.Пообилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови од земјава каде локално е можно да наврнат повеќе од 20 литри на метар квадратен воден талог, а не е исклучена и можноста за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд проследен со грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време. Во одделни делови е можен краткотраен локален дожд.
XS
SM
MD
LG