Достапни линкови

Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оваа власт ја уназади Македонија и демократски и економски. ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговори - имаме 2100 исполнети ветувања.

ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарува на претседателот на СДСМ, Зоран Заев зашто, како што велат им дал можност да се пофалат со сработеното.

ВМРО ДПМНЕ – Ова се нашите успеси

Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција наброја дел од две илјади и стоте ветувања за кои рече дека се исполнети досега. Меѓу успесите тој ги наброја: набавката на современа медицинска опрема во вредност од 100 милиони евра, темелна реконструкција на македонските болници во вредност на нови 100 милиони евра, намалени цени на лековите, бесплатно здравство за секого, компјутер за секое дете, задолжително средно образование, намалена партиципација на факултетите, бесплатни учебници, отворање нови универзитети, директни инвестиции во образованието, зголемени плати, социјални станови, и четири позитивни извештаи од Европската Комисија. Во однос на инфрастуктурните објекти, според Ивановски, досега заклучно изградени и рехабилитирани се вкупно 190 локални патишта во вкупна должина од 412 километри во вредност од безмалку 30 милиони евра, а отпочната е изградбата и рехабилитацијата на 105 локални патишта со вкупна должина од 216 километри.

СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ ја уназади Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев претходно, денеска, на прес-конференција оцени дека Македонија не била никогаш подалеку од членството во Европската унија, во државата нема демократија и нема подобрување во економијата. Македонија е држава каде власта провоцира внатрешни поделби, етнички конфликти и сериозно го загрозува мирот и стабилноста.

На дело е партиски, корумпиран, квази судски систем. рече во своето обраќање лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој изјави и дека изостанале ветениот економски раст од 6 до 8 проценти и оти постојано се зголемува задолженоста на државата, а буџетските пари се трошат за непродуктивни проекти како што е проектот „Скопје 2014“, Лидерот на СДСМ оцени дека не се исполниле ниту најавите за помала и поефикасна државна администрација и оти субвенциите за земјоделството не ги дале очекуваните резултати и оти се делат без јасни критериуми. Тој упати и критики за состојбите со слободата на медиумите Таквите политики на власта, смета Заев, резултирале со напуштање на државата од страна на голем број граѓани. Граѓаните на Македонија заслужуваат држава на социјална правда, економска стабилност, човекови и граѓански права и слободи, меѓусебна почит и толеранција, рече Зоран Заев.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG