Достапни линкови

Заев - Власта ја уназади Македонија


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес-конференција оцени дека Македонија не била никогаш подалеку од членството во Европската унија, во државата нема демократија и нема подобрување во економијата. Македонија е држава каде власта провоцира внатрешни поделби, етнички конфликти и сериозно го загрозува мирот и стабилноста. На дело е партиски, корумпиран, квази судски систем. рече во своето обраќање лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој изјави и дека изостанале ветениот економски раст од 6 до 8 проценти и оти постојано се зголемува задолженоста на државата, а буџетските пари се трошат за непродуктивни проекти како што е проектот „Скопје 2014“,.
Лидерот на СДСМ оцени дека не се исполниле ниту најавите за помала и поефикасна државна администрација и оти субвенциите за земјоделството не ги дале очекуваните резултати и оти се делат без јасни критериуми. Тој упати и критики за состојбите со слободата на медиумите Таквите политики на власта, смета Заев, резултирале со напуштање на државата од страна на голем број граѓани. Граѓаните на Македонија заслужуваат држава на социјална правда, економска стабилност, човекови и граѓански права и слободи, меѓусебна почит и толеранција. рече Зоран Заев.
XS
SM
MD
LG