Достапни линкови

Сирија ќе се брани со оружје кое ќе го изненади светот


Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем денеска се закани дека доколку Западот ја нападне неговата земја таа ќе се брани со оружје кое ќе го изненади светот. Според него, обвинувањата дека сиријските владини сили во минатата недела употребиле хемиско оружје претставувале алиби за странска интервенција. Во меѓувреме, денеска во Лондон е закажана седница на британскиот парламент која треба да се одржи в четврток. На неа треба да се разгледа можниот одговор на наводниот хемиски напад во близина на Дамаск. Медиумите јавуваат дека британските сили веќе почнале да ги разгледуваат плановите за можна воена акција.
XS
SM
MD
LG