Достапни линкови

Ховит го поздрави извештајот на ад хок Комисијата


Ричард Ховит

Ричард Ховит

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит го поздрави договорот на Комисијата за собраниските настани на 24 декември минатата година. „Најнапред би сакал да го проучам договорот во детали. Но, сепак, не се двоумам да го поздравам успешниот договор на ад-хок комисијата, постигнат со консензус, посебно што е дел од политичкиот договор постигнат на 1 март со цел надминување на политичката криза во земјата, во што и јас бев инволвиран“, изјави Ховит за МИА. Тој притоа изразил убедување дека заклучоците на Комисијата ќе имаат влијание кај Европската комисија. „Не би сакал да коментирам дали или не ќе има нова препорака за почеток на пристапните преговори на вашата земја со ЕУ, но сигурен сум дека сето ова носи добро и убеден сум дека позитивно ќе влијае и во однос на препораката“, вели Ховит.
XS
SM
MD
LG