Достапни линкови

Русија жали поради одлагањето на состанокот со САД


заменик шефот на руската дипломатија Генатиј Гатилов

заменик шефот на руската дипломатија Генатиј Гатилов

Русија денеска изрази жалење поради американската одлука да го одложи состанокот на кој требаше да се разговара за организирање мировна конференција за Сирија. Ова денеска во Москва го изјави заменик шефот на руската дипломатија Генатиј Гатилов, откако Вашингтон одложувањето го образложи со тековните консултации за подготовка на одговорот на наводниот хемсиски напад во минатата среда во едно предградие на Дамаск. Во меѓувреме, Белата куќа ги демантира наводите на британскиот весник „Телеграф“ дека Вашингтон и Лондон ги почнале подготовките за заедничка воена акција против Сирија.
XS
SM
MD
LG