Достапни линкови

logo-print

ОН шпионирани од САД?


американската Национална безбедносна агенција

американската Национална безбедносна агенција

Обединетите нации ќе контактираат со Соединетите држави околу извештајот дека американската Национална безбедносна агенција ги прислушувала канцелариите на Светската организација во Њујорк. Ова го изјави портпаролот на Обединетите нации Фархан Хак во врска со извештајот во германскиот магазин „Дер Шпигел“ дека Соединетите држави лани успеале да добијат пристап во внатрешниот конференциски видео систем на Обединетите нации. Магазинот цитира тајни американски документи добиени од поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден. Претходно „Дер Шпигел“ и британскиот „Гардијан“ објавија дека американската Национална агенција ги прислушувала и канцелариите на Европската унија.
XS
SM
MD
LG