Достапни линкови

Продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина


Ивица Дачиќ и Хашим Тачи

Ивица Дачиќ и Хашим Тачи

Денеска во Брисел продолжува 15 рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, најпрвин со одвоени разговори на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон со премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Потоа, како што е најавено, ќе се одржи заеднички состанок чии главни теми ќе бидат локалните избори на Косово закажани за 3 ноември и други нерешени прашања поврзани со телекомуникациите и енергетиката. Премиерот Дачиќ деновиве изјави дека србите нема да излезат на изборите ако на гласачките ливчиња има знаци на косовската државност.
XS
SM
MD
LG