Достапни линкови

Кери: Сирија употребила хемиско оружје во минатонеделниот напад


Џон Кери

Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека во Сирија било употребено хемиско оружје и притоа го обвини претседателот Басар Ал Асад за уништување на доказите. Кери додаде дека САД имаат дополнителни информации за тие напади и истите ќе ги објават во следните неколку дена, како и дека претседателот Брак Обама се консултира со своите сојузници и правни експерти за тоа како да одговори на нападот од 21 август. Претходно министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека каква било интервенција од САД без резолуција на Советот за безбедност ќе се смета за прекршување на меѓународното право.
Кери изјави дека гранатирањето на таа област после хемискиот напад не значи однесување на Влада која сака да соработува со истражувачите на ОН кои се обидуваат да оценат што се случило. Во нападот во кој наводно било употребено хемиско оружје убиени се неколку стотици луѓе. Асад негира употрена на хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG