Достапни линкови

Неизвесна средбата Обама-Путин


Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама најверојатно ќе се види со рускиот претседател Владимир Путин кога Русија ќе биде домаќин на самитот на групата земји Г-20 во Санкт Петербург следната недела.
Двајцата лидери се судрија поради одлуката на Русија да даде привремен азил на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој САД го бараат поради откривање на американските програми за надзор во јавноста. Во знак на протест поради овој чекор како и поради други разлики, Обама неодамна ги откажа планираните разговори со рускиот претседател пред самитот на Г-20.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вчера изјави дека Обама најверојатно ќе се сретне со Путин, бидејќи Русија е домаќин на самитот. Тој сепак одби да каже дали двајцата лидери ќе имаат посебен состанок.
XS
SM
MD
LG