Достапни линкови

Карзаи ја продолжува посетата на Пакистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ја продолжува посетата на Пакистан. Карзаи пристигна во Исламабад вчера за да бара пакистанска помош во уредувањето мировни разговори меѓу Кабул и талибанските милитанти. Карзаи изјави дека тој и пакистанскиот премиер Навац Шариф разговарале околу начините да работат заедно во борбата против "тероризмот" и унапредување на мировниот процес. Се очекува Карзаи да побара од Исламабад да го искористи своето влијание за да ги убеди талибанските лидери да се приклучат во мировните разговори со авганистанската мировна комисија. Исто така, се очекува тој да побара ослободување на затворените талибански команданти во кои Кабул гледа потенцијални преговарачки партнери. Шариф изјави дека нивните разговори се фокусираа на заедничките предизвици и "големите можности" за нивните земји.
XS
SM
MD
LG