Достапни линкови

Мушараф повторно во суд


Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф денеска е повторно во суд поради неговата наводна вмешаност во атентатот на поранешниот премиер Беназир Буто во 2007 година. На 20 август, судот во Равалпинди го обвини Мушараф за три точки од обвинението, вклучувајќи убиство и заговор за убиство. За време на затвореното сослушување Мушараф се изјасни дека не е виновен. Мушараф е обвинет за неуспехот да се обезбеди адекватно обезбедување за Буто, која беше убиена во бомбашки напад за време на политички митинг во Равалпинди, во близина на Исламабад. Локалните извештаи соопштуваат дека денеска обвинителите ќе ги презентираат доказите против Мушараф.
XS
SM
MD
LG