Достапни линкови

На есен штрајк на белите мантили во Хрватска


Седумдесет проценти од вработените во сферата на здравството односно 46.000 лекари и медицински сестри од цела Хрватска ќе штрајкуваат на есен, соопшти претседателот на лекарскиот синдикат Ивица Бабиќ.
Неговата изјава следи откако пропаднаа преговорите меѓу Владата и синдикатите.
- Владата демонстрира лицемерност со тоа што на преговорите испрати претставник, кој нема право да потпишува договори, посочи Бабиќ, додевајќи оти претставници на синдикатите следните денови ќе имаат средба, за да го координираат штрајкот.
Синдикатите сакаа појдовна точка за преговорите да биде колективниот договор од ноември 2011 година, кој беше прогласен за невалиден од страна на судот во јуни годинава.
XS
SM
MD
LG