Достапни линкови

Инспекторите на ОН го посетија местото на хемискиот напад


Инспекторите на ОН во предградието на Дамаск, 26.08.2013

Инспекторите на ОН во предградието на Дамаск, 26.08.2013

Инспекторите за оружје на Обединетите Нации денеска го посетиле местото во предградие на Дамаск, за каде што се тврди дека е употребено хемиско оружје од страна на силите на претседателот Башар Ал Асад. Тимот на ОН разговарал и со некои од жртвите. Претходно, од снајпер било пукано врз нивното возило, но никој не бил повреден.
Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сегреј Лавров изјави во Москва дека западот повикува на воена интервенција во Сирија без да има доказ дека сиријската влада стои зад нападот со хемиско оружје. Тој додаде дека секоја воена интервенција без одобрение од Обединетите Нации би било кршење на меѓународното право.
XS
SM
MD
LG