Достапни линкови

Србија утре ќе решава за контра-мерки за македонските производи


Српските министри за земјоделство и за трговија Горан Кнежевиќ и Расим Љаиќ, како што е најавено, утре ќе расправаат за евентуалното воведување контра-мерки во врска со одлуката на владата на Македонија за условен увоз на пченица и на брашно од Србија. Државниот секретар за земјоделство, Данило Голубовиќ изјавил дека до сега се чекало на дипломатско решение бидејки контра-мерките не се добар начин за надминување на проблемите, меѓутоа, Македонија не го исполнила ни тоа што го наложи секретаријатот на ЦЕФТА, до средината на август да ја укине спорната одредба. Голубовиќ не прецизира на кои македонски производи ќе се однесуваат контра-мерките, но веројатно станува збор за сезонскиот зеленчук и виното.
XS
SM
MD
LG