Достапни линкови

Потпишан извештајот на Комисијата за инцидентите на 24 декември


Ад-хок комисијата денеска го потпиша конечниот извештај за инцидентите во Собранието на Македонија на 24-ти декември минатата година. Во Клубот на пратениците свои потписи на извештајот ставија претседателот на комисијата Борче Давитковски и нејзините членови од ВМРО - ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ и од СДСМ Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска Треневска.
Премиерот Никола Груевски синоќа откако СДСМ ги отфрли двете понудени опции за извештајот и за предвремени парламентарни избори, соопшти дека ВМРО - ДПМНЕ донесе одлука во интерес на државата и по цена на сопствена штета да гласа и да потпише извештај на ад хок Комисијата каков што сака СДСМ. СДСМ вчера ги отфрли двете опции што ги понуди премиерот Груевски.
Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска го повика ВМРО-ДПМНЕ да се согласат со формулацијата за прекршување на Уставот со исфрлање на новинарите од собраниската галерија. Што се однесува до изборите, таа посочи дека, обврска од мартовскиот извештај е создавање фер претпоставки за изборен натпревар.
Ставот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дека предвремени парламентарни избори не се решение за предизвиците со кои се соочува државата и за проблемите на граѓаните на Република Македонија. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договорат за таква опција тие се подготвени.
XS
SM
MD
LG