Достапни линкови

Верските прашања станаа политички


Во струшкото село Октиси, жители од муслиманска вероисповед попречија градба на црква.

Во струшкото село Октиси, жители од муслиманска вероисповед попречија градба на црква.

Нестабилните односи во политичкиот живот се одразуваат и во секојдневниот живот, па и во меѓуверските односи на луѓето, велат експертите.

Нестабилните односи во политичкиот живот се одразуваат и во секојдневниот живот на луѓето, велат експертите. Последните случувања во струшкото село Октиси јасно покажуваат дека е потребен дијалог, изјави Цане Мојановски, поранешниот претседател на Комисијата за меѓурелигиски односи. Неговиот коментар доаѓа откако во Октиси темелите на црквата останаа неосветени, бидејќи поголема група жители од муслиманска вероисповед ја попречија градбата.
Тоа е последица на отсуството на меѓуверскиот дијалог и втора ситуација што верските чувства се користат за политички цели.

„Тоа е последица на отсуството на меѓуверскиот дијалог и втора ситуација што верските чувства се користат за политички цели“, вели тој.

Доколку постоеше дијалог, меѓуверските лидери прашањата со решавањето на џамијата во Лажец или за изградба на црквата во струшко ќе станеа прашања на верниците, а не на политичките структури, додава Мојановски.
Политичарите, немајќи начин да ги решат проблемите на граѓаните, ја негуваат оваа тензична атмосфера постојано.

„Овој народ на Македонија го карактеризирала способност да ја почитува разликата, тоа не е одлика само на оваа генерација, туку на генерациите многу пред нас и за жал таа вредност во последните години се употребува за други цели“, вели тој.

Октиси е село во кое живеат жители од православна вероисповед и Македонци муслимани.

Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека очигледна е вмешаноста на политиката и во овие случувања.

„Политичарите, немајќи начин да ги решат проблемите на граѓаните, ја негуваат оваа тензична атмосфера постојано“, вели Дерала.

Јавноста во изминатиот период беше сведок на тензии, не само поради недозволувања да се гради џамија или црква, туку и поради идеи да се градат станбени објекти на место на тревни површини или да се градат паркинзи. Дерала коментира дека овие случувања јасно покажуваат дека потребно е да бидат консултирани граѓаните кога се работи за јавен простор.

„Со владеење на правото, со транспарентност и со учество во донесување на одлуките ваквите проблеми ќе бидат избегнати, но тоа не им одговара на политичарите, а секако и на структурите на моќ и на бизнисмените кои се вратат околу јавниот простор кој во Македонија е сериозно окупиран“, вели Дерала.

Инаку по тензиите во Октиси, владиката и муфтијата се договорија деновиве на заедничка средба да најдат решение на проблемот. Црквата оцени дека луѓето кои се противеле на изградбата биле изманипулирани од радикални исламски структури.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG