Достапни линкови

Јавна дебата за името на нашата веб страница


Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

По интервјуто со портпаролот на ДУИ на нашата веб-страница се отвори јавна дебата за името. Коментари привлекоа и текстовите за законот за медиуми и анализата со наслов „Сите на факултет, ќе има помалку невработени“.

Она што го побара Али Ахмети, да се отвори јавна дебата за името, изгледа се случува на нашата веб-страница, по интервјуто со портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Токму тоа го забележува и редовниот испраќач на коментари МК Обсервер, кој му забележува на исто така редовниот Перо од Скопје дека „за разлика од Груевски, изгледа си спремен за промена на името?“, Перо, со свој одговор до МК Обсервер: „Изгледа по дифолт, штом се спомене Груевски, веднаш предавник. Неколку пати овде сум кажал дека сум за Република Македонија, но дали е можно, тоа е прашањето, без да јадеме корења?“
Изгледа по дифолт, штом се спомене Груевски, веднаш предавник. Неколку пати овде сум кажал дека сум за Република Македонија, но дали е можно, тоа е прашањето, без да јадеме корења?

И Незабеган и некој потпишан со Професор, развиваат меѓусебна дебата: За разлика од Професорот, кој детално објаснува дека терминот „Горна“ не е термин што се употребува во географските карти и не е термин со кој се означуваат државите, Незабеган смета дека „очигледно имаме Небесен професор кој ги гледа работите Небесно портокалово што ме потсетува на времето на Милошевиќ, кога Србите се Собраниска расправа за законот за медиуми.

Собраниска расправа за законот за медиуми.

нарекуваа Небесен народ“, па наведува примери за Горна Волта, Централно Афричка Република, и многу други покраини/региони со префиксот Горна. Студент од Скопје го испраќа професорот на „дошколување во средно“, како што пишува.
Младите си заминуваат,... а засега реформите се само театар дека нешто се движи напред.

И тоа дека „Власта упорна со медиумските закони“ покренало коментари од вас, почитувани: Перо ја нарекува јавната расправа за новиот Закон за медиуми „лакрдија“, и потсетува како помина сличен закон во Унгарија, а Јас, пак, кратко коментира: „Си ја ишка некој мувата од капата“.

По текстот „Сите на факултет, ќе има помалку невработени“ куп коментари кои главно кажуваат за најголемиот проблем: „...Младите си заминуваат,... а засега реформите се само театар дека нешто се движи напред“, како што пишува Коста од Велес, „Навистина треба да им симнеш капа, како успешно работат како машинерија. И ова е еден „успешен“, проект, како оној во Заводот, за пасивни, активни и не знам какви барачи на работа, а на крај ќе трба како Германија да увезуваме работници“ - како што коментира Перо, или „Не знам до каде оди омразата во вас за сопствената држава и нација. Текстот е пишуван како политички памфлет и насловот не ја одразува темата на текстот“, како што ни порачува Коле од Кратово.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG