Достапни линкови

Украинскиот премиер на разговори во Москва околу трговскиот договор


Украинскиот премиер Микола Азаров ќе се сретне со неговиот руски колега Дмитриј Медведев денеска во Москва. Средбата се случува за време на зголемени тензии меѓу двете земји. Москва врши притисок Киев да се откаже од потпишување трговски договор со Европската унија. Наместо тоа, Кремљ сака Украина да и се приклучи на Царинската унија предводена од Русија која ги вклучува и Белорусија и Казахстан.
XS
SM
MD
LG