Достапни линкови

Москва: опозицискиот лидер Навални, накратко приведен


Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, кандидат на изборите за градоначалник на Москва, закажани за наредниот месец, бил накусо приведен во полициска станица по вчерашниот митинг. На фотографиите објавени на Твитер, се гледа дека Навални, кој е жестоk критичар на претседателот Путин е земен со полициско возило.Портпаролот на полицијата појасни дека Навални „е поканет“ во полициската станица за да даде објаснување во врска со „прекршувањата на законите на масовни настани“.Во четвртокот, шефот на изборната комисија во Москва рекол дека властите бараат прекршување на кампањата од страна на Навални се со цел да го диквалификуваат од изборната трка на 8 септември.
XS
SM
MD
LG