Достапни линкови

Новите партии подготвени за избори, за ЛДП предлогот на премиерот е несериозен


По повод вчера изнесениот предлог на премиерот да се водржат предвремени парламентарни избори денеска се огласија и помалите партии. ЛДП предлогот го оцени ккао крајно несериозен и неодговорен чин и израз на неподготвеноста и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати одговорноста за настаните од 24 декември. „Воедно сметаме и дека во услови кога Груевски инсистира Анкетната комисја да ја заврши работата до „каков било извештај , на чело со каков било претседател“, заради позитивниот Ивештај на Комисијата на ЕУ, тогаш е неопходно вонредните парламентарни избори да се одржат согласно европските критериуми утврдени во рамките на ОБСЕ“., рекоа од ЛДП.
Граѓанската опција на Македонија на Стевче Јакимовски и Алијансата за позитивна Македонија на Љупчо Зиков, Владо Бучковски и Минчо Јорданов денеска со став дека се подготвени за предвремени парламентарни избори.
„Ние, како Алијанса за позитивна Македонија, се подготвуваме за избори, па ако тие се случат и на 13 октовмри. Засега, планот е дека ќе настапиме самостојно, но не се исклучени и коалиции“, вели Љупчо Зиков од Алијансата.
И лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, вели дека неговата паратија е подготвена за евентуални предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG