Достапни линкови

Во Москва уапсени активисти кои одбележуваа годишнина од протестите во 1968 година


Полицијата во Москва уапси десетина активисти кои се обидуаваат да ја одбележат годишнината од протестите на Црвениот плоштад во 1968 година против советската инвазија врз Чехословачка. На денешниот протест се појави и една од учесничките на оригиналните протести во 1968-та, Наталија Горбаневскаја, но таа не беше уапсена. Беа уапсени активисти на движењето Слодарност, Надежда Митушкина и Михаил Шнајдер. Горбаневскаја пак која сега има 77 години поминала две години во советскиот психијатриски затвор поради учествотот во демонстрациите.
XS
SM
MD
LG