Достапни линкови

logo-print

Ирак: најмалку девет жртви во одвоени инциденти


Ирачките власти соопштија дека најмалку деветмина се убиени во одвоени инциденти во северниот дел на Ирак. Петмина војници биле убиени кога нивното воозило било запрено од милитанти на лажен контролен пункт на излезот од Мосул. Вооружени лица во Мосул исто така убиле продавач во колонијал кој бил член на етничкото малцинство Шабак. Во бомбашки напад на еден судија, тој бил ранет а три медицински сестри кои случајно минувале тука биле убиени. Насилствотт бележи голем пораст оваа година од повеќе од 3600 лица од почетокот на годинава.
XS
SM
MD
LG